Приведен 23-годишник: Во „голф“ превезувал девет мигранти од Сирија и Индија

23-годишник е уапсен откако полицијата во неговиот „голф“ пронашла девет мигранти.

-Синоќа во 00.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин  Богородица на магистралниот пат с.Удово- Дeмир Капија бил приведен Ј.Л. (23) од с. Крушопек, кој во патничко моторно возило „голф“ превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.

 

 

22.01.2022 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега