Приведен скопјанец, кој се обидел да внесе во државата противправно набавени стари монети

Денеска (29.05.2023) во 02.00 часот на Граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода Џ.С.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости “ по чл. 266-б од Кривичниот законик.
Имено, при извршена дополнителна контрола од страна на полициски службеници кај Џ.С., кој на граничниот премин пристигнал со патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, негова сопственост, а управувано од Е.Е.(39) од Скопје,   биле пронајдени стари монети во различна големина.
Пронајдените предмети биле одземени и заедно со приведениот биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

29.05.2023 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега