Пронајдени тела со повреди од досега невидена тортура: Претседателот на Израел со ужасни откритија

На телата на цивили убиени од милитантите на Хамас се пронајдени „знаци на тортура“, изјави израелскиот претседател, пренесе „Скај њуз“.

Исак Херцог на брифинг со новинарите рече дека истражителите пронашле повреди од тортура кои „никогаш не ги виделе досега“.

 

“Петчлено семејство било пронајдено врзано. Сите беа прегрнати, застрелани и запалени“, рече тој.

 

„Се прашував на што се молеле пред да бидат застрелани сите заедно“, рече Херцог.

 

Семејството го сочинувале мајка, татко и деца.

 

Херцог рече дека неколку луѓе биле пронајдени убиени во канали покрај патиштата. Тој додаде дека Израел „се соочи со еден од најсуровите непријатели на Земјата“.

 

 

12.10.2023 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега