Првиот пациент ја прими вакцината против рак

Маж на 81 година, со неизлечив рак на кожата, е првиот човек кој ја примил експерименталната доза од вакцината против грип. Оваа вакцина е развиена од компанијата „Модерна“.

Инјектираниот генетски РНК материјал ги имитира маркерите кои се наоѓаат на клетките на ракот и му помагаат на телото да се бори против нив. Ова е слично како на борбата против пандемијата.

Д-р Дејвид Пинато и неговиот тим од „Imperial College NHS Trust“ од Лондон се надеваат дека најпрво ќе може да се лекува рак на кожата и белите дробови а потоа и останатите како рак на дојката и дебелото црево.

„Истражувањето е во рана фаза, но не приближува до терапии кои се потенцијално помалку токсични и попрецизни“ – изјави Пинато.

Од компанијата „Модерна“ сметаат дека ова ќе биде нова ера на лекувањето и дека очекуваат илјадници пациенти кои ќе искажат желба да учествуваат во овој тип на испитувања.

Испитувањата ќе траат 3 години и ќе регрутира пациенти ширум светот.

05.02.2024 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа