Путин најави посета на Кина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека планира да ја посети Кина во мај, пренесуваат странските агенции.

Патувањето најверојатно ќе биде прва посета на странство во новиот шестгодишен мандат на Путин по изборите во март. Тој последен пат ја посети Кина во октомври 2023 година.

Путин потпиша договор за партнерство „без граници“ со кинескиот претседател Си Џинпинг во февруари 2022 година, помалку од три недели пред да испрати војници во Украина.

Како што наведуваат агенциите, дипломатските и трговските врски со Пекинг станаа уште поважни за Москва бидејќи западните сили ја погодија со последователни бранови на санкции од почетокот на војната

25.04.2024 - 21:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега