Путин потпиша нова уредба како одговор на агресивната активност на НАТО

 

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одредување на бројот на редовни припадници на вооружените сили на Руската Федерација, соопшти Кремљ. Тој  и нареди на Владата на Русија да одвои буџетски средства од федералниот буџет за Министерството за одбрана, неопходни за спроведување на уредбата.

Според декретот, вооружените сили на Русија ќе се состојат од 2.209.130 единици, односно 1.320.000 војници.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека зголемувањето на борбениот состав и бројот на редовните војници на вооружените сили е адекватна реакција на агресивната активност на НАТО.

Исто така, се посочува дека зголемувањето на бројот на припадниците на руските сили се реализира етапно на сметка на граѓаните кои изразуваат желба да служат војска по договор. Од Министерството нагласуваат дека не се планира значително зголемување на повикот на граѓаните на постојан воен рок, а не се предвидува ниту мобилизација.

01.12.2023 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега