Путин: Русија е подготвена да посредува во решавањето на палестинско-израелската криза

 

Русија е подготвена да биде посредник во решавањето на палестинско-израелската криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

На самитот на заедницата на независни држави во Бишкек тој истакна дека е неопходно да се бара мирно решение на конфликтот и дека едноставно нема алтернатива, пренесува „РИА новости“.

Тој повтори дека верува оти ескалацијата на Блискиот Исток е резултат на пропадната американска политика, пренесува „Танјуг“.

13.10.2023 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега