Разбојници влегле во стан во Тетово: Ѝ впериле пиштол на 47-годишна жена и одзеле пари и злато

Четириесет и седумгодишна жителка на Тетово вчера околу 21.30 часот во полиција пријавила дека во нивниот дом вооружени лица извршиле напад и кражба.  Таа била дома заедно со нејзината ќерка.

– Во СВР Тетово било пријавено дека неколку непознати лица со физички напад врз 47-годишна тетовка и со закана со пиштол влегле во нејзиниот дом на ул. „Маршал Тито“, каде била заедно со нејзината ќерка.  Одзеле пари, телефон и златен накит. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти СВР Тетово.

 По консултација со Јавен обвинител, увид во станот извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа