Разрешен директорот на Кардиохирургија


Министерот за здравство Илир Демири денеска соопшти дека е разрешен медицинскиот директор на Клиниката за кадриохириргија Марјан Шокаровски. 

На прес-конференција, Демири рече дека по информациите за поголема смртност на оваа Клиника, формирана е комисија и во извештајот што го добил во петокот немало некои позначајни остапувања, но денес добил податок дека 170 пациенти не се регуларно внесени во „Мој термин“.  

- До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени, рече Демири.

Шокаровски, како што посочи министерот, е разрешен и поради нарушени меѓучовечки односи на Клиниката. 

- Во една таква врвна институција се недозволиви такви нарушувања на меѓучовечките односи. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам и постапка да спроведе следниот министер или јас доколку продолжам да министерувам. Таму директор треба да биде назачен некој кој е од надвор, рече Демири. 

Шокаровски беше назнаќен за нов директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев. 

27.05.2024 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега