Рекорден број на заболени во еден ден: Во САД потврдени се 48.000 нови случаи

Во САД, потврдени се уште 48.000 нови случаи на нов коронавирус, што е најголем број случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

Бројот на нови случаи во таа земја расте од минатата недела, а рекордни бројки се веќе неколку пати регистрирани, пренесува Ројтерс.

Зголемен број на нови случаи е забележан претежно во Аризона, Калифорнија, Флорида и Тексас.

Досега над светот се разболеле над 10,6 милиони луѓе, а повеќе од 500.000 умреле, а 25% од сите случаи и смртни случаи се регистрирани во Соединетите држави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа