Рекорден скок на акциите на „Apple“

Акциите на „Епл“ вчера скокнаа за над четири проценти откако компанијата објави позитивни деловни резултати во третиот квартал.

Имено, вчера во 10:14 по источно време, акциите на американскиот технолошки гигант се зголемија за 4,07 проценти и достигнаа историски највисока цена затоа што се продаваа по 443,5 долари по акција.

Покрај тоа, компанијата ја надмина саудиската компанија Арамко во однос на пазарната капитализација минатата недела и стана највредната компанија на светот, достигнувајќи вредност од 1,77 трилиони долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа