Ременски: Убедена сум во капацитет на Џафери да ја води техничката влада
Професорката Фросина Ременски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 ја коментираше одлуката Талат Џафери да биде технички премиер. Ременски кажа дека има целосна доверба во Џафери дека ќе биде добар премиер на техничката влада.
„Оваа трета техничка влада е добра шанса ДУИ да има технички премиер. Ја имав и честа да бидам потпретседател во рамки на Собранието во мандатот на актуелниот претседател Талат Џафери и го знам неговиот принцип на работа, и го знам неговото трпение и одговорност за преземање на иницијативи кога се потребни. Со оглед на фактот дека се крева прашањето за некаква политичка криза, иако е видлива само во реториката, особено ако го исклучам Собранието каде има застој, можам да кажам дека во овој временски период треба да се фокусираме во она што значи функционален систем во кој секој избран министер ќе го почитува мандатарот пред кого одговара, но и претседателот на Собранието кој во овој случај ќе биде од СДСМ. Убедена сум дека Џафери има капацитет, подготвеност и професионална компонентна да пристапи во сериозно решавање на процесите, без да има несогласувања во техничката влада“, изјави Ременски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа