Репортери без граници: Во 20 години се убиени речиси 1.700 новинари

Од 2003 до 2022 во светот се убиени 1.688 новинари, во просек 80 годишно, а најопасни земји за таа професија се покажале Сирија и Ирак, покажува извештајот на Репортери без граници (РСФ). „Во 20 години во тие две земји погодени од војна се убиени 578 новинари, што е повеќе од третина од вкупно убиените новинари“, наведено е во извештајот.

Најопасни земји за новинарите понатаму се Мексико (125 убиени новинари), Филипините (107), Пакистан (93), Авганистан (81) и Сомалија (78). Најцрни години биле 2012 со 144 убиени новинари и 2013 година кога се убиени 142 новинари, главно во конфликтите во Сирија. Во 2019 доаѓа своевидно „затишје“, додава здружението за заштита на слободата на медиумите, но бројот на убиени повторно почнува да расте во 2022 поради војната во Украина.

Годинава се убиени 58 новинари, а претходната 51. Од почетокот на војната во Украина осум новинари се водат како исчезнати. Во таа земја во претходните 19 години се убиени 12 новинари и е втората најопасна земја во Европа за новинарите, зад Русија во која во последните 20 години се убиени 25 новинари.

Со осум убиени новинари Франција е на четвртото најопасно место во Европа, зад Турција, по нападот на редакцијата на магазинот Шарли ебдо во Париз во 2015.

На глобално ниво во последните 20 години повеќе новинари се убиени во мирни зони отколку во воени области, а нивните убиства се поврзани со истраги за организиран криминал и корупција. речиси половина новинари убиени во 2022 година се на американскиот континент, а најопасни земји се Мексико, Бразил, Колумбија и Хондурас.

 
30.12.2022 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега