Ристески: Условите во студентскиот дом Стив Наумов се катастрофални

 
Илија Ристески кажа дека условите за престој во студентскиот дом Стив Наумов се катастрофални.
 
„Пред два дена на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов се појавија објави за условите во студентскиот дом. Имено, администраторот на инстаграм профилот објави дека на социјалните медиуми се шират лаги и невистини, дека условите според него не биле хорор, туку цитирам „Уште еднаш, многу добронамерна порака до сите кој шират лаги, не ги плашете студентите особено бруцошите дека во Стив Наумов е хорор и не знаеме што. Пак ќе кажеме не е сјајно и идеално, но условите се сосема во ред“,“, вели тој.
 
Поради тоа Ристески постави неколку прашања до администраторот на страната
„Дали поплави во собите според него е состојба која е сосема во ред? Дали руинираните ходници, ниските температури и непријатната миризба според него е состојба која е сосема во ред? Дали администраторот на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов е братот на екс-потпретседателката на СДММ Ана Манасиева? И за крај дали состојбата која според него е сосема во ред ја заклучи седејќи во комфорните услови на Бихаќка?“, прашува Ристески.
07.10.2022 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега