Русија: Му го честитаме празникот на братскиот македонски народ - Бугарија се налути

„За жал, имаме уште една руска провокација, која има за цел да забие клин меѓу Бугарија и РС Македонија и да ја искриви вистината до крајно невозможен степен“, изјави за БГнес професор Пламен Павлов, еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја, реагирајќи на честитката на амбасадата на Руската Федерација во Скопје по повод големиот македонски празник на кој се чествува Свети Климент Охридски.


Како што забележуба БГнес, Руската амбасада во Софија досега не им го честитала празникот на Бугарија и на бугарскиот народ, додека руското дипломатско претставништво во државава го „честиташе големиот државен празник на братскиот македонски народ“, истакнувајќи дека Свети Климент Охридски е еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици

08.12.2021 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега