Ружин: Мислам дека „францускиот предлог“ го штити македонскиот јазик

Поранешниот амбасадор Нано Ружин гостуваше во „Click Plus“ на „ТВ21“ и кажа дека македонскиот јазик е заштитен со „Францускиот предлог“.

„Мислам дека македонскиот јазик е заштитен со овој француски предлог. Не постои вин-вин ситуација, но не треба да се прифати дека условот за отпочнување на преговорите е да влезат Бугарите во Уставот. Тоа го закочи процесот бидејќи не постои две-третинско мнозинство во Собрание. Прашањата за идентитетот и јазикот мора да бидат надминати“, кажа Ружин.

Ружин, исто така, кажа дека Емануел Макрон не е запознаен со „Преспанскиот договор“, па затоа нè нарекол „Северномакедонци“.

28.06.2022 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа