Сајкоски: Расте поддршката за Силјановска Давкова за претседател на Македонија


Поддршка за нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте. Се по голем број на граѓани ни приоѓаат и не поддржуваат, даваат силна поддршка. Победата ќе биде голема, победа ќе биде историска, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
 
Денеска сме тука во Дебарца за да ја побараме и добиеме поддршката на граѓаните од оваа прекрасна општина, составена од многу живописни села и населени места, посочи Сајкоски. 
 
„Затоа повикуваме на големо единство.
 
На единство кое ќе ја зголеми победата, единство кое ќе ја зголеми поддршката и единство кое ќе ни донесе претседател кој што може, знае, кој што сака да направи меѓународна поддршка да добиеме,  кое што сака да постигне внатрешно единство и кој што сака да имаме народ  да биде достоинствен и народ кој што како што ја почна да ја гради оваа држава, така да ја види периодот кој што следи“, истакна Сајкоски.
14.04.2024 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега