СДК: Владата со предлог до Собрание преку измени на КЗ да се намалат затворските казни на функционерите

 

Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања, пренесува порталот „Сакам да кажам“.

Предложените законски измени на КЗ се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред.

Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери, стои во текстот.

Вакви законски измени бараше ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година на тогашните лидерски средби на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, со цел застарување на делата на обвинетите поранешните функционери од Владата на Никола Груевски.

Потпишан на предложените законски измени е премиерот Димитар Ковачевски и во образложението се вели дека тие произлегуваат од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Целата вест прочитајте ја ТУКА. 

06.09.2023 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега