СДСМ: Арсовски нека побара слики од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ - денес Интерните клиники се реновирани по цели 70 години

Срамно, вулгарно и нечовечки е тоа што ВМРО-ДПМНЕ на некрофилски, морбиден начин се потсмева на жртвите од коронавирусот и нивните семејства, што тера политиканство во време на светска пандемија, реагираат од владејачката СДСМ по прес-конференцијата на опозицискиот портпарол, Димче Арсовски.

Оттаму велат дека по цели 70 години Владата предводена од СДСМ ги реновирашше интерните клиники и заедно со медицинскиот тим од нив направиле ковид центри за згрижување на пациенти заразени со Ковид-19.

-Венко Филипче направи систем со кој во секоја болница има ковид центар за згрижување на пациенти, а овозможи и непречено да функционираат редовните интервенции и прегледи во рамките на мој термин. Додека цел свет е под огромен притисок поради пандемијата со вирусот Ковид 19, ВМРО-ДПМНЕ единствено што има на дневна агенда е спас на наследникот на Груевски, губитникот Христијан Мицкоски. За следната прес-конференција Димче Арсовски нека земе слики од архивата на ВМРО-ДПМНЕ, од Клиниката за инфективни болести кога во време на ВМРО-ДПМНЕ таму немаше ни топла вода. Ако Арсовски не знае бидејќи тоа време беше дел од Демократска десница, нека сврти некој телефон до Будимпешта да го избрифираат, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа