СДСМ: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од над 9.200 денари

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за граѓаните. Помош и поддршка за ранливите категории останува наш врвен приоритет од кој не отстапуваме. За таа цел, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за стечајци.

Ова денеска го соопшти владејачката партија посочувајќи дека дополнителни 1.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надомест од 9.242 денари месечно до пензионирање или вработување.

-На овој начин реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда кон овие наши сограѓани. Досега, го решивме статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус. Како одговорна социјалдемократска партија продолжуваме да решаваме долгогодишни проблеми кои водат до унапредување на животниот стандард на граѓаните, се вели во дописот од СДСМ.

31.07.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега