СДСМ: Доста беа лаги, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните и да се променат

СДСМ побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски поради нивните коментари за евроинтеграциите.

„Сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во однос на евроинтеграциите потонаа. 
 
Тврдењата дека наводно државата ќе се бугаризирала, дека народот ќе бил асимилиран пукнаа како меур од сапуница како и многу други лаги претходно. 
 
Премногу е од лагите од белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да смогнат сили и да им се извинат на граѓаните. 
 
Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се променат и наместо да одработуваат за туѓи центри на моќ, да се престројат на страна на на граѓаните, на страната на националните интереси. 
 
Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ. 
 

 

Од тој пример, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат доста да научат“, соопштија од СДСМ.
24.06.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега