СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 3.000 денари во време на криза

СДСМ за само пет години ги зголеми платите на вработените во основното и во средното образование за 36 проценти. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи платите на наставниците за само 4 отсто, велат од СДСМ.

„Од 2017 година платите во основното и средното образование се поголеми за повеќе од една третина.Само со последното покачување, од септември годинава, околу 32.500 вработени во основното и средното образование добиваат плата повисока за 15 отсто.

Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.

СДСМ и во време на кризи, здравствена, економска, енергетска, вистински се грижи за учениците, наставниците и за образовниот систем“, се вели во соопштението на СДСМ.

04.10.2022 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега