СДСМ: Го обезбедивме и заштитивме македонскиот јазик и во ЕУ

 

СДСМ како одговорна партија е посветена на заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата. Македонскиот јазик е заштитен и потврден и во Европската унија, соопшти владејачката партија.

„Доказ за тоа е потпишувањето на првиот договор со ЕУ, договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што македонскиот јазик стана рамноправен со останатите јазици на Унијата.

Со тоа и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик со започнување на преговорите за членство во Европската унија“ додаваат од СДСМ.

Оттаму велат дека нема никава бугаризација, ниту асимилација како што лажеле Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

25.05.2023 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега