СДСМ: Го охрабруваме Мицкоски да остане на ставот за прифаќање уставни измени за доброто на земјата

 

„Членството во ЕУ е стратешка цел, врвен национален интерес и секоја партија треба да го даде својот придонес за доброто на државата и на народот.“-велат од СДСМ во соопштението испратено до медиумите.

-Минатата среда целата македонска јавност го слушна Мицкоски како вели дека се согласува со предлогот на претседателот Ковачевски за уставни измени и учество во заедничка Влада, под одредени услови. Го охрабруваме Мицкоски да остане на ставот за прифаќање уставни измени за доброто на земјата. Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред сопствените граѓани, пред иднината на државата.-додаваат од партијата.

„Да не дозволиме да се пропушти оваа шанса, сега треба дијалогот да продолжи се до заокружување на процесот и обезбедување на европската иднина на државата.“-стои во соопштението.

 

13.06.2023 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега