СДСМ: Го зголемивме повратот од ДДВ на 2.100 денари

 

„СДСМ преку институциите што ги предводи реализира мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети. Мерката МојДДВ е една од најуспешните мерки од концептот Парите назад кај граѓаните што го реализира СДСМ.

Со усвојувањето на законските измени, прагот за поврат на ДДВ за физички лица се зголемува од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје“, информираат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

„Корисниците на апликацијата МојДДВ, чиј број постојано расте и се искачи на над 520.000 зголемените суми ќе ги добијат на своите сметки во мај, за периодот јануари – март 2023 година.
Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати во борбата против сивата економија, но и за зајанување на стандардот на граѓаните, што е особено добредојдено во време на светска економска криза.
СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за заштита и унапредување на нивниот стандард“, се додава во соопштението.

21.03.2023 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега