СДСМ: Граѓаните да бидат мирни - ние го штитиме стандардот

Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува, Владата предводена од СДСМ ја решава енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните - велат од СДСМ во писмено соопштние.
 
„Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува а градоначалниците од нејзините редови ги игнорираат проблемите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги решава предизвиците со енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните.
 
Со навремени и ефикасни мерки ангажирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, АД ЕСМ од утре го презема управувањето со БЕГ и  топланата Скопје Север со што се надминува кризата со топлинска енергија.
 
Околу 7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а ќе следуваат дополнителни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош за стопанството.
 

 

Огромна е разликата помеѓу одговорното управување на СДСМ со институциите и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.“ - велат од СДСМ
20.01.2022 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега