СДСМ: Ја имаменајдобрата понуда за секоја општина, во понудата на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски

СДСМ утврди 51 кандидат за градоначалници за претстојните локални избори, стои во соопштението од СДСМ.

 -Сите кандидати се докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за својата општина.На овие избори СДСМ излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на општините.
Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Во изминатите години тоа го правевме најдобро што можевме и ќе продолжиме уште подобро и во наредниот период.Граѓаните го препознаваат нашето посветено, домаќинско и одговорно работење, а еден од доказите за тоа се анкетите на кои СДСМ има убедливо водство пред останатите политички конкуренти, велат од СДСМ.
 

 Од партијата велат дека за разлика од чесната и одговорна понуда на СДСМ, понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е понуда од немај каде, понуда во која ниту самиот Мицкоски не верува.

 

 -Огромен дел од нив се личности кои во времето на режимот биле на високи функции во државата.Фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да најдат свој кандидат за градоначалник на Град Скопје и Општина Центар, говори за поразот што ги очекува во главниот град, но и во многу други општини низ државата.На граѓаните им е јасно дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква понуда.Затоа на 17 октомври ги очекува нов силен изборен пораз. Граѓаните одново ќе потврдат дека единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина е можен напредокот и развојот на општините, стои во соопштението.

27.08.2021 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега