СДСМ: Каматите не може да бидат поголеми од долгот, намалени трошоци за брзи кредити

 

 

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи, со што ставивме крај на огромните каматни стапки, информираат од СДСМ.

Со новите измени, како што истакнуваат, каматната стапка нема да смее да го надмине долгот, односно таа престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг.

Тоа, појсануваат од владејачката партија, значи дека повеќе нема да има ситуации каде што граѓани за долг од 1.000 денари враќале и до пет пати поголем износ, а рокот за застарување на долгот го намалуваме од 10 на 5 години.

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои и измените на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот.

На тој начин ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.

Со овие законски измени ставаме крај на должничкото ропство кај граѓаните“, се додава во соопштението од СДСМ.

19.07.2023 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега