СДСМ: Кога немало криза Мицкоски како директор на ЕЛМ купувал 3 пати поскапа струја

„Христијан Мицкоски како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ и советник на Груевски за енергетика, купувал електрична енергија по три пати повисока цена. Во време кога немаше никаква криза, Мицкоски, како директор, купувал електрична енергија по цена од 250е/MWh, а тогаш струјата се продаваше по 70е/MWh“, обвини СДСМ.

Од партијата велат дека цената на струјата во времето на Мицкоски се зголеми за 100 проценти и кога тој беше директор и советник, а исто така немало инвестиции во нергетски капацитети.

 
„Додека Владата предводена од СДСМ презема мерки за справување со енергетската криза, со активирање на сите расположливи капацитети и субвенционирање на цената на струјата за граѓаните, Мицкоски шири невистини и ништо друго“, се вели во соопштението.
29.08.2022 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега