СДСМ контра Мицкоски: Студентите од ВМРО-ДПМНЕ добија ќотек, а ние им обезбедивме студентски оброк
Од СДСМ преку писмено решение реагираат и се контрираат на ставовите и обвинувањата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој пак денеска од Куманово порача дека студентите не добиле ништо од СДСМ.
„Не е точно тоа што го говори Мицкоски, вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите, на плоштад, по библиотеки и студентски домови. Тоа добиваа студентите од ВМРО-ДПМНЕ, непочитување и ќотек.
СДСМ обезбеди субвенциониран студентски оброк и ја зголеми дневната сума којашто дополнително ќе се усогласува и со инфлациската стапка.
Студентскиот оброк, за прв пат воведен пред две години од страна на СДСМ“, велат од СДСМ.
„Христијан Мицкоски е познат по тоа што многу често лаже, нема став и целосно е во заложнитво на Апасиев.
Исто така Мицкоски е познат и по тоа што не се огради за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот шеф Никола Груевски.
Тоа јавноста, граѓаните го видоа и слушнаа и денеска од Куманово“, додаваат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа