СДСМ: Македонија почна преговори за членство во ЕУ, ова е ново поглавје во нашата историја

СДСМ преку соопштение порача дека Македонија почна преговори за членство во Европската унија (ЕУ).

„По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите со ЕУ.

Европската унија со одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел ја отвори врата за нашата држава.

Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ“, велат од партијата.

Од СДСМ сметаат дека реализирале уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет.

„Со приклучувањето кон големото европско семејство се отвораат нови перспективи за државата и за граѓаните, забрзан развој, просперитет и стабилност.

Имаме јасна визија за тоа каква држава сакаме да градиме и да оставиме на идните генерации“, соопштија од СДСМ.

20.07.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега