СДСМ: Медиумите да организираат дуел, го поздравуваме потегот на Ковачки што собра храброст за ТВ дуел

Го поздравуваме фактот што пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки собра храброст и прифати телевизиско соочување со министерката за одбрана Славјанка Петровска, велат од СДСМ, по одговорот на Ковачки дека прифаќа ТВ дуел со Петровска.
 
„Веруваме дека граѓаните со задоволство ќе го следат овој дуел и ќе сведочат во разобличувањето на секојдневните пласирани лаги од страна на Ковачки. Поддржуваме медиумите да организираат ТВ соочување и навремено да ги поканат двајцата претставници, а Ковачки да не се крие зад партиски центри за комуникации.
Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ вакви соочувања на министер од Владата со пратеник или кој било претставник од опозицијата, беа незамисливи“, стои во соопштението на СДСМ испратено до медиумтите.
09.11.2022 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега