СДСМ: Мерките за намалување на цените даваат резултат
Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики. Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултатит, цените се намалуваат, се зголемува опсегот на производите опфатени со мерките за замрзнување на цените, соопшти СДСМ.
„Прв на листата за замрзнување на цената, беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари. Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти. Владата денеска треба да ја замрзне на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март.
СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите. Истовремено минималната плата е покачена на 20.175 денари, пензиите забележаа рекордно зголемување за 8,4 отсто, континуирано расте и просечната плата која се искачи на 34.364 денари.
Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните“ се вели во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа