СДСМ: Мицкоски ги изневери скопјани, со ВМРО-ДПМНЕ Скопје уназадува
„На Град Скопје му се случува катастрофа поради неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.“-велат од СДСМ во своето соопштение.
-Шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица беше тој кој ја промовираше Арсовска и бараше поддршка за неа претставувајќи ја како најуспешна менаџерка.
Денес Град Скопје уназадува токму поради неспособноста на Арсовска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ги изневери граѓаните на Скопје, со Арсовска Градот тоне во безидејност и бесперспективност, нема реализација на нови и продолжување на наследени проекти, но затоа има кавги за медот и партиски вработувања во градската администрација.- додаваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа