СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

 

Мицкоски, Лефков и сите коишто јавно ширеа лаги да им се извинат на граѓаните и на Ковачевски за сите фабрикувани афери, кои со денови ги пласираа против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, велат од СДСМ.

Од партијата порачаа дека обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и потврди дека нема основ за покренување постапка против Ковачевски.

„Очекувано се потврди она што Ковачевски јавно го кажа, дека тој се повлекол од компанијата уште во 2020 година и дека се е транспарентно објавено во неговиот Анкетен лист. Исто така уште еднаш се потврди дека Белата палата е извор на лажни вести,конструкции и шпекулации, со кои се обидува да ја манипулира јавноста“ додаваат од владејачката партија“, велат од партијата.

11.10.2022 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега