СДСМ: Мицкоски и Милошоски цела недела молчат за скандалот „кражба“

Шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски речиси една недела молчи за скандалот со неговиот близок соработник дезинформаторот Антонијо Милошоски, кој според јавно достапни документи бил осудуван и казнет во Германија за кражба, злоупотреба и измама, велат од владејачката СДСМ.

Според партијата, Мицкоски повторно нема став, бидејќи не се произнел, како и за многу други прашања каде бил јавно повикан.

-Антонијо Милошоски за овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата треба да поднесе оставка и да се извини. Особено што против него и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања. Пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот. Милошоски е срам за македонската држава, за Собранието и за парламентарната демократија. Затоа Милошоски треба да преземе одговорност за своите постапки, да си даде оставка на функцијата пратеник и да им се извини на граѓаните, се вели во дописот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2021 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега