СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште заглавени во поделбите на граѓаните бгеањето од Рамковниот договор го потврдува тоа
Бегањето одбележувањето на 20 годишнината од Рамковниот договор покажува дека Мицкоски се уште е заглавен во поделби на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.
-Охридскиот договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека темелот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.20 години подоцна, деструктивни и безидејни политичари како пироманот Мицкоски се уште шират поделби меѓу граѓаните, велат СДСМ.
Од партијата наведуваат дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е огромна: концептот Едно општество за сите е концепт на СДСМ обединува и води напред.
-Политиките на СДСМ обединуваат, обезбедуваат стабилност, мир, економски развој и напредок и подобар живот за сите.Политиките на ВМРО-ДПМНЕ ги делат граѓаните и влечат назад. Затоа уште еднаш ќе бидат поразени на следните локални избори, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа