СДСМ: Мицкоски не може да се помири со фактот дека Ковачевски чесно работи за граѓаните

 

„Фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, докажаниот криминалец Христијан Мицкоски не може да се помири со фактот дека претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски чесно и посветено работи за граѓаните и за државата“. Ваква порака испраќаат утринава од владејачката СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да фабрикува  лаги за Ковачевски и да пробува да ја манипулира јавноста.
Издишан балон е фабрикуваната лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште пред две години, на 28.09.2020 година јавно е објавено дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик.

Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои ги исполниле условите.

Мицкоски е толку очаен, особено откако беше поразен  од Ковачевски на првото изборно соочување, што се обидува да извртува информации кои се јавно достапни.

Додека чесниот Ковачевски вредно работи за граѓаните и за државата, шпицниот Мицкоски со ништо не може да прикрие дека е фатен во криминал“, се вели во реакцијата на СДСМ.

03.10.2022 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега