СДСМ: Мицкоски преку Ковачки води анти-НАТО хајка против министерката Петровска

 

„Христијан Мицкоски, очаен и фрустриран што државата предводена од СДСМ оди напред, преку дезертерот Драган Ковачки води анти-НАТО хајка против министерката за одбрана Славјанка Петровска. Со лични навреди и обиди за дискредитација, сеење дезинформации и ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ го допре дното.“- велат во своето соопштение од СДСМ.

-Мицкоски за вакви грозни и непримерени манипулации го избра дезертерот Драган Ковачки, кој ја посрамотил униформата на АРМ и го одработува за Белата палата, она што очигледно најдобро знае да го прави, да кодоши и плука, да шири лаги и невистини.
 Вистината и фактите ги демантираат лагите на Ковачки, за пласираните невистини следуваат тужби и судска разрешница.-додаваат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го дефокусира вниманието на јавноста од своите промашени и пропаднати политики, блокади и опструкции.Мицкоски три години зборува само за предвремени избори, му пропаднаа сите обиди за формирање ново парламентарно мнозинство, ниту со насилни проести и лаги не успеа да ја загрози европската иднина на државата, не се ни израдува на членството во НАТО. Падна во заложништво на Левица и Апасиев, во обидите да го попречи напредокот на државата. Мицкоски останува антиЕУ и антиНАТО политичар, кому фотелјата му е пред интересите на граѓаните.“- стои во соопштението.

29.03.2023 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега