СДСМ: Молк на Мицкоски за одлуката од Стразбур, нема спас за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

 
„Христијан Мицкоски молчи за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, нема доблест да им се извини на граѓаните."- велат од СДСМ.
 
-ВМРО-ДПМНЕ изгуби, а нивниот обид за ништење на правната држава, за заштита на криминалот и криминалците во нивните редови, уште еднаш, се покажа неуспешен.
 
Со одлуката на судот во Стразбур победи правдата и правната држава.
 
Пропадна незаконската аболиција со која Ѓорѓе Иванов се обиде да го сруши правниот поредок за да заштити поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност.
 
Затоа што целта на аболицијата на Иванов беше за да се спасат од судско гонење, нивната цел беше да нема воопшто ниту судски процес.
 
Одлуката на Стразбур значи дека нема помилувања, туку продолжување на сите постапки пред независните македонските судови.
 

 

Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите, - стои во нивното соопштение.
18.02.2023 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега