СДСМ: Наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ Скопје го претворија во депонија
„Скопјани се целосно изневерени од страна на Мицкоски и ДПМНЕ. Христијан Мицкоски за време на кампањата за локалните избори, заедно со сите градоначалници на ДПМНЕ во Скопје бараа поддршка од граѓаните и ветуваа модерно Скопје. Наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ Скопје го претвори во депонија.“- велат од СДСМ во своето соопштение.
-Со денови Скопје се гуши во смет, во нечистотија, во смрдеа. Неспособната локална власт на ДПМНЕ создаде нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, град во хаос кој уназадува наместо да се развива. Едно ѓубре не можат градоначалниците на ДПМНЕ да исчистат а не нешто повеќе, до толку не ги бива. Секогаш кога ДПМНЕ ќе добие доверба, секогаш кога ќе добие глас од граѓаните да биде власт се случува хаос.-додаваат од партијата.
„Лично Мицкоски бараше гласови за Арсовска, ја промовираше за „најдобра менаџерка“ и „вистинска мајка“ и тој е директно одговорен за ова што се случува денеска.“-стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа