СДСМ: Нема фуснота за македонскиот јазик, сите лаги на Христијан атнти-ЕУ Мицкоски се потонати

СДСМ обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со неговите настапи во јавност покажувал дека е анти-ЕУ политичар.

„Христијан Мицкоски со секој негов настап покажува дека е анти ЕУ политичар кој работи на штета на граѓаните и државата. Мицкоски е на погрешната страна на историјата и на погрешната страна од државниот интерес. Нема фуснота за македонскиот јазик. Сите, буквално сите лаги на Мицкоски се потонати во вода. Потпишувањето на Договорот со Фронтекс на македонски јазик без фусноти е уште една потврда дека Христијан анти ЕУ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лажеа граѓаните“, велат од СДСМ.

 

Од партијата посочија дека нема ниту асимилација ниту бугаризација, туку има чист македонски јазик во ЕУ.

 

„Започнавме преговори со ЕУ после 17 години со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет. Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваа за Француски предлог, најавуваа референдум за францускиот предлог а денеска истиот тој Мицкоски вели „нема Француски предлог“. Толку од конзистентноста на Мицкоски. Во државата има два различни концепти, првиот е оној кој е за Европска Македонија предводен од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, концепт кој носи европска иднина, како полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и македонски идентиет. Вториот е антиевропскиот концепт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, концепт кој носи назад во изолација, во неизвеснот и поделби внатре во општеството. Мицкоски може да се противи, но македонската иднина е сигурна и таа е европска“, се вели во соопштението на партијата.

17.10.2022 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега