СДСМ: Ништо не го пере Мицкоски за тоа што ја покачил струјата 100 отсто

„Христијан Мицкоски останува најнеуспешниот директор на АД ЕСМ и советник за енергетика на Груевски. Учинокот од неговите 12 години на раководни функции во енергетиката се покачување на струјата за 100 проценти, набавка на електрична енергија по три пати пивсока цена од пазарната, нула инвестиции во електроенергетскиот сектор. Што и да зборуваат од Белата палата, ништо не го пере Мицкоски за тоа што ја покачил струјата 100 проценти и тоа во време кога немаше ни економска, ни енергетска криза. Лажно обвинуваат дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач“, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ обвини дека се шират само шпекулации и невистини од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од нив Владата предводена од СДСМ веќе година дена презема мерки за ублажување на ударот на кризата и растечките цени на електричната енергија. Се субвенционира и до 80% цената на струјата за граѓаните. Домашното производство на електрична енергија е зголемено, а тука е и мерката за намалувањето на ДДВ-то за струја од 18 на 5 проценти. Така, цената на електричната на енергија на регулираниот пазар кај нас е 5 пати пониска во однос на пазарната цена на струјата – поради поддршката која државата ја дава за домаќинствата и дел од компаниите кои се мали потрошувачи“, велат од партијата.

30.08.2022 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега