СДСМ: Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека ДПМНЕ е пречка за европскиот пат
Бидејќи Мицкоски го нема никаде со денови ДПМНЕ очигледно го храбрат со нарачани анкети. Нема што да каже Мицкоски за пакетот антиктизни мерки со кој 662 милиони евра СДСМ враќа кај граѓаните. Или бега од одговори во јавноста за неговите средби со Палевски?
Ова денеска како реакција на анкетата на МКД.МК го испрати владејачката СДСМ.
Според партијата, сите „нарачани анкети“ на ВМРО-ДПМНЕ досега пропаднале.
-Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз. На анкета на истата оваа агенција, објавена пред неколку месеци имаше објавени различни броеви за кои потоа се тврдеше дека се „техничка грешка“. Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека градоначалниците на ДПМНЕ на чело со Мицкоски за 2 години немаат испорачани никакви резултати. Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека ДПМНЕ и Левица се единствена пречка за продолжување на европскиот пат. Затоа на изборите ќе пропадне и оваа нарачана анкета на ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа