СДСМ: Обвинувањата од опозицијата за пописот се само лош партиски маркетинг

По речиси 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации, соопшти изтринава од владејачката СДСМ.

-Започна попишувањето на одделни категории на лица како што е предвидено во методологијата и од вчера се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица. До 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората коешто се одвива електронски, преку веб страницата на Државниот завод за статистика. Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со којашто ќе се обезбедат податоци коишто ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики со цел создавање услови за економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина, се вели во дописот.

Според СДСМ, обвинувањата за пописот од страна на опозицијата е само лош маркетинг.

-Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил неевропски и собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош партиски маркетинг, на којшто граѓаните не смеат да подлегнат. Законот за попис и методологијата се во согласност со меѓународните стандарди и тоа е потврдено и од Евростат. Граѓаните активно да се вклучат во пописот со што ќе дадат свој личен придонес за подобра иднина на државата и на целиот народ, велат од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа