СДСМ: Одиме кон европска иднина - граѓаните му вртат грб на Мицкоски -

Мицкоски поднесе неуставна иницијатива за одржување на референдум само за спас на неговата фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на неговото опкружување - велат од СДСМ

Откако му пропаднаа сите обиди за дестабилизација, му потонаа лагите за асимилација и бугаризација, Мицкоски повторно се обиде да ги изманипулира граѓаните.

Мицкоски и неговите пратеници не гласаа против Договорот за добрососедство со Бугарија. Сега, пет години подоцна бараат референдум против овој договор за одговорноста да ја префрлат кај граѓаните.

Но граѓаните го прочитаа, завртеа грб на незрелоста, неодговорноста и деструктивноста на Мицкоски и му порачаа дека се за европска иднина.

СДСМ, заедно со демократски сили, заедно со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат европската иднина и државата да ја вратат назад во изолација и поделби - велат од СДСМ

15.09.2022 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега