СДСМ одлучи: Ова се предлози за нови министри

Денес едногласно беше усвоен новиот состав на Владата кој утре ќе се достави во Собранието на Република Македонија.

Неофицијално, Славица Грковска е предложена на позицијата вицепремиер против корупција, Љупчо Николовски како министер за земјоделство, Никола Тупанчевски за министер за правда, а Бојан Маричиќ во евроинтеграции.

Славјанка Петровска е предложена на позицијата министер за одбрана.

Бисера Костадиновска е предложена за министерка за култура, Јована Тренчевска за труд и социјална политика.

Фатмир Битиќи, Благој Бочварски и Горан Милевски остануваат на досегашните позиции.

Министер за здравство, министер без ресор задолжен за дијаспортата и за информатичко општество се кадри на Алијанса за Албанците.

Кадрите на ДУИ остануваат непроменети во новата влада. Али Ахмети одлучи да не ги менува досега поставените министри.

Се очекува Димитар Ковачевски да одржи прес конференција.

 

10.01.2022 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега