СДСМ: Парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ од час во час потврдуваат дека издиша нивниот балон од лаги дека имале ново парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и нема да ја става државата во ризик и затоа нема да гласа за брзи предвремени избори. СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани нема на бранот на еуфоријата да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори. Државата и нејзината иднина се е многу поважни од желбата за власт на Мицкоски, велат од владејачката СДСМ во соопштение.
 

На граѓаните им е потребна Влада која испорачува резултат, особено во време на пандемија и енергетска криза, Влада која има евроатлански курс на дејствување и која нема да го закочи евроинтегративниот процес. Затоа, ова парламентарно мнозинство, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори, додаваат во соопштението на СДСМ.

 

СДСМ, коалицијата и граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години, децидни се од партијата.

 

04.11.2021 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега