СДСМ: Поделби, кавги и внатрешни судири во ВМРО-ДПМНЕ

Јавноста изминатите денови сведочи на меѓусебни обвинувања во ВМРО-ДПМНЕ за криминал, за рацете во медот и тоа за тендер од 136 милиони евра во Град Скопје - велат од СДСМ во писмено соопштение.

И додека трае кавгата на релација ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска, за пари и тендери, во самата опозицициската партија се случуваат поделби и внатрешни судири.

Самите даваат различни изјави од Мицкоски за промена на Уставот и против референдум.

Самите велат дека Мицкоски бил потрошен и треба да си даде оставка.

ВМРО-ДПМНЕ има бројни внатрешни проблеми кои треба да си ги решава, но она што е поразително е не само што таа не е реформирана партија, туку е и дополнително криминализирана - велат од СДСМ

22.09.2022 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега