СДСМ: Поради нас е намалена инфлацијата - граѓаните се задоволни

„Економските мерки и политики на владата предводена од СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани.
Инфлацијата континуирано се намалува“, порачаа од владејачката партија преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Оттаму потсетуваат дека птапката на инфлација во октовмри се намали на 3,5 проценти и е речиси преполовена во однос со претходниот месец, кога растот на трошоците за живот беше 6,6 отсто.
„Инфлацијата е намалена за 5,5 пати, во споредба со октомври минатата година кога изнесуваше 19,8 отсто.
За заштита на стандардот на граѓаните, наскоро треба да биде проширена мерката за „гарантирана цена“, а дополнително на намалување на цените ќе влијае донесувањето на предложениот закон за нефер трговски пракитки.
СДСМ продолжува да носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард“, се наведува во партиското соопштение на СДСМ.
08.11.2023 - 09:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа